Голема посетеност и вистински спектакл ја одбележаа годинашната „Пастрмајлијада“ во Штип. Според проценките, концертот на Дино Мерлин, на кој пред него настапија Владо Јаневски и Елена Ристевска, собрал околу 100.000 посетители. Вчера, автопатот Скопје–Штип беше речиси во целосен колапс поради големиот број возила што се движеа кон градот.На социјалните мрежи се појавија бројни снимки и фотографии од атмосферата, но и критики за организацијата и приоритетите.„На Дино Мерлин му дадовме една пожарна за саат и пол пеење, а после кравите ќе ни се криви што се шират пожарите. Ама тоа е кога ќе си имаш работа со волови заседнати по фотелји…“, напиша корисникот Иљче Затаракоски.

Сподели го овој напис