Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, жестоко ја нападна партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, обвинувајќи ги за лицемерие и профитерство.„Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица. Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани,“ изјави Манасиевски.Тој ја посочи како скандалозна зделката за купување конфискуван недвижен имот во центарот на Скопје по цена од 250 илјади евра, за која јавноста прво беше убедувана дека не постои. „Вистината излезе на површина – просторот навистина е купен преку директен договор со извршител и банка, иако Левица со години гласно се спротивставуваше на вакви практики,“ додаде тој.Според Манасиевски, со овој чекор Апасиев ја претворил Левица од левичарска и работничка во „елитистичка партија што гази врз сопствените членови“. Тој потсети и дека Левица барала донации од граѓаните, додека парите, како што вели, завршувале кај партискиот врв, а истовремено партијата го практикувала истото што им го замерува на другите – користење привилегии и патни трошоци.„Апасиев и Левица се сè, само не се неподмитливи и скромни. Нивната вистинска агенда е јасна – од наводно неподмитливи до профитери,“ порача Манасиевски.

Сподели го овој напис