Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пронајдена 14-годишна малолетничка од Струмица која била однесена од Охрид во Скопје
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар
МВР
Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште
МВР
На скопскиот аеродром кај патник од Норвешка пронајден дел од ловечко оружје
МВР
Телефонски се заканувал на вработени во странска амбасада, радовишанец упатен на психијатриско набљудување
МВР
Татко натепал 12-годишниот син
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Пронајдена 14-годишна малолетничка од Струмица која била однесена од Охрид во Скопје

Претрес.мк
Последни промени 23/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Малолетничка од Струмица, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот во кој престојувала во Охрид, е пронајдена во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Охрид во петокот попладне, Е.А. (45) од Струмица пријавил дека неговата 14-годишна ќерка Ј.А. исчезнала од домот два дена претходно. Според пријавата, на 21 август добил порака преку социјалната мрежа „Фејсбук“ од женско лице од Скопје, кое му кажало дека девојчето се наоѓа во нејзиниот дом, дека таму дошло доброволно и дека ќе било мажено за братот на тоа лице.

Таткото изразил сомнеж дека малолетничката сама отпатувала во Скопје, бидејќи немала пари кај себе, и дека всушност била измамена и однесена.

По преземени мерки и активности, девојчето било пронајдено во Скопје, а во полициска станица бил извршен службен разговор со Р.Б. (20) од Скопје, поради сомнение дека е вмешана во случајот.

„По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Починат 58-годишен маж пронајден на улица во Гостивар
Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште
На скопскиот аеродром кај патник од Норвешка пронајден дел од ловечко оружје
Телефонски се заканувал на вработени во странска амбасада, радовишанец упатен на психијатриско набљудување
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад