Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Потера на автопат, удари, пукање и апсење – косовски криумчари превезувале осум кинески мигранти
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
„Не се предадовме, не се откажавме“ – „Претрес со Ландов“ се враќа во среда
Претрес
Десетмина возачи уапсени, меѓу нив и малолетници што возеле без возачка дозвола
МВР
Пешак почина откако во него удри „ренџ ровер“ кај Секирник
МВР
24-годишник бил нападнат со тврд предмет, претходно било пукано со оружје
МВР
Син ѝ се заканувал на мајка му
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Потера на автопат, удари, пукање и апсење – косовски криумчари превезувале осум кинески мигранти

Претрес.мк
Последни промени 01/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Во филмска полициска акција, двајца косовски државјани се лишени од слобода откако не застанале на полициски знак и се обиделе да избегаат со возило во кое биле пронајдени осум мигранти од Кина.

Како што соопшти МВР, акцијата се случила вечерта на 31 јули околу 21:40 часот, кога возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било забележано на автопатот Градско – Скопје, но наместо да застане на знак од полицијата, возачот дал гас и пробал да избегал.

Следела потера со висока брзина и сериозни последици – возачот, 24-годишниот Г.Л., додека бегал, оштетил наплатни станици во Градско и Петровец, удрил во возило „Опел Инсигниа“ со странски ознаки, како и мотоцикл со македонски регистарски таблички.

Кога возилото конечно излетало од патот кај клучката Приштина на скопската обиколница, возачот физички нападнал полициски службеник во обид да избегне апсење, но бил совладан. Во акцијата полицијата испукала и предупредувачки куршуми – среќно, без повредени.

Во возилото биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Тие се сместени во транзитен центар, додека двајцата косовски криумчари – Г.Л. (24) и Б.Л. (18), се приведени.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни кривични пријави од Одделението за прекуграничен криминал и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

„Не се предадовме, не се откажавме“ – „Претрес со Ландов“ се враќа во среда
Десетмина возачи уапсени, меѓу нив и малолетници што возеле без возачка дозвола
Пешак почина откако во него удри „ренџ ровер“ кај Секирник
24-годишник бил нападнат со тврд предмет, претходно било пукано со оружје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад