Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода М.Н. (33) од Скопје, постапувајќи по пријава за семејно насилство.Според пријавеното, на 19 септември во домот на подрачјето на Карпош, 33-годишникот упатувал закани кон својата 60-годишна мајка.М.Н. бил лишен од слобода во 21 часот, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
