Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Жител од битолско осомничен за два обиди за убиство, тешки кражби и поседување оружје – совладан по престрелка со полицијата
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Никој од 13-те повикани во станица не знаел од каде е информацијата за наводно загадената вода во Скопје
МВР
65-годишен работник прегазен од виљушкар во Аеродром
МВР
Залутани куршуми оштетиле две возила во Скопје: Случаи пријавени во Чаир и Визбегово
МВР
Со огнено оружје затекнати во строго заштитена зона на Пелистер, приведени тројца
МВР
Државјанка на Словенија со туѓа банкарска картичка направила 47 трансакции и потрошила речиси 100.000 денари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Жител од битолско осомничен за два обиди за убиство, тешки кражби и поседување оружје – совладан по престрелка со полицијата

Претрес.мк
Последни промени 18/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од село Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за сериозни кривични дела, меѓу кои два обиди за убиство, три тешки кражби и недозволено поседување оружје.

Според информациите од МВР, во периодот од 2 до 7 јули, пријавениот извршил повеќе кривични дела во битолскиот регион. Најпрвин провалил во две викенд-куќи во атарот на село Крклино, каде не одзел ништо, но направил материјална штета. Потоа, во село Долно Српци, со сила влегол во куќа и украл ловечка пушка со калибар 16 мм и две туби со гориво.

Кулминацијата се случила на 7 јули, кога Г.П. со украдената пушка пукал кон тројца млади – 22-годишно момче и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Подоцна истиот ден, при обид да го приведат, се обидел да пука и кон полициски службеници на влезот од селото Вашарејца. Не успеал да испука, а полицијата возвратила и го погодила во ногата, по што бил совладан и лишен од слобода.

Против него е поднесена кривична пријава за „убиство во обид“, „тешка кражба“ и „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Никој од 13-те повикани во станица не знаел од каде е информацијата за наводно загадената вода во Скопје
65-годишен работник прегазен од виљушкар во Аеродром
Залутани куршуми оштетиле две возила во Скопје: Случаи пријавени во Чаир и Визбегово
Со огнено оружје затекнати во строго заштитена зона на Пелистер, приведени тројца
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад