Димна бомба била пронајдена во плакар во стан на подрачјето на скопската општина Аеродром, откако 57-годишна жена го пријавила случајот во полиција.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 октомври 2026 година, во 15:25 часот, жената пријавила во СВР Скопје дека во плакар во станот пронашла димна бомба.Полициски службеници излегле на местото и ја подигнале бомбата за понатамошна постапка.
Сподели го овој напис
