Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) „Имав понуда – кажи ги Груевски и Чавков и нема да бидеш обвинет, па ме сместија во Шутка и пак ме посетија“: Сведоштво на Јане Ченто
Претрес
(Видео) Груевски го коментираше гостувањето на Јане Ченто во „Претрес со Ландов“: Не секој беше издржлив и достоинствен
Претрес
Жени се тепале пред влезот на гробиштата во Ѓорче: едната употребила и тврд предмет
МВР
Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција
МВР
Автобус со скопски таблички одземен кај Велес, родител пријавил дека повеќепати се расипувал
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Претрес.мк
Последни промени 23/06/2025
Претрес.мк
Сподели

Скопјанка, сподели видео на кое се гледа како татко претепува сопствено дете. Снимката е вознемирувачка, а таа прашува „Зарем вакво детство заслужува едно дете“. Видеото е дел од доказите на Обвинителството, кои побараа, а судот одобри притвор за насилникот.

„Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на деца. Ако возрасните имаат проблеми, што се виновни децата? Стресно е и за другите – 3 сестрички се, 3, 4 и 9 години. Се случува во саботата сабајлето, вечерта он веќе е во полициска станица, а сега во притвор. И пак јас сум виновна што сум пријавила и сакам децата да си ги заштитам. Детството е најубавиот период и некој вака да им го уништи… не може. Детето има телесни повреди и набиеници на лицето, а сите три ќе имаат доживотни трауми…“, напиша скопјанката која сподели и фотографии..

Обвинителството вчера соопшти дека го гони 28-годишниот скопјанец за нанесување телесна повреда.

„Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие. Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) „Имав понуда – кажи ги Груевски и Чавков и нема да бидеш обвинет, па ме сместија во Шутка и пак ме посетија“: Сведоштво на Јане Ченто
(Видео) Груевски го коментираше гостувањето на Јане Ченто во „Претрес со Ландов“: Не секој беше издржлив и достоинствен
Жени се тепале пред влезот на гробиштата во Ѓорче: едната употребила и тврд предмет
Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад