Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Падна Штекли со групата: Кокаин се закопувал на државно земјиште за да се скрие, багеристи добивале закани
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
МВР
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
МВР
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
МВР
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
МВР
Десет лица упасени, кај нив пронајдена дрога
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Падна Штекли со групата: Кокаин се закопувал на државно земјиште за да се скрие, багеристи добивале закани

Претрес.мк
Последни промени 27/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Собрани се сите докази за групата која ја предводел Раде Трајковски-Штекли, која според Обвинителството за гонење организиран криминал, броела 17 членови. Сите се гонат за трговија со кокаин и марихуана, која се криела и во бункери под земја, направени на државно земјиште. Досега, седум членови на групата признале вина и се спогодиле со Обвинителството, па добиле по 3-4 години затвор, од максимални пет кои можеле да им бидат изречени. Но додека да се стигне до дрогата, закани имало од повеќе страни.

„Биле заплашувани и багеристите од општина кои требало да го откопуваат теренот“, рекоа од ОЈО-ГОКК.

Штекли, според Обвинителството, бил уапсен по сознанијата дека се спрема за бегство. Кај него, биле направени претреси, но пред да влезе полицијата, според Обвинителството, тој отстранува сѐ што е криминално од домот. Но, видео надзорот го разоткрил.

„Кај него имаше претреси, а беа најдени само остатоци. Од видео надзорот се потврди како ги отстранува тие цели коцки, од кои две беа најдени во стан, три во специјална направа во бункерот“, додаваат од Обвинителството.

Некои од групата се бранат со молчење, други одрекуваат дека сториле нешто, а најголем дел се спогодиле. Спогодба му била понудена и на Штекли, но тој не ја прифатил со оглед на понудената затворска казна. По прифаќање на обвинението, нему ќе му се суди во Кривичниот суд.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад