Две жени се осомничени за физички напад врз 35-годишна Скопјанка на подрачјето на Бит-пазар, откако случајот бил пријавен во полиција.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје М. Е. Н. пријавила дека десет минути претходно, на местото викано „Чикаго“, била физички нападната од нејзините сосетки, 35-годишната Е. Р. и 18-годишната Ш. Р.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Сподели го овој напис
