Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Смена на врвот: Судскиот совет не ја избра Адеми, Фидани поставен за шеф на Врховниот суд
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Земам 90.000 денари плата, но сметам дека е мала, вели обвинителката Раичевиќ која сака да биде шефица
Претрес
(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна
Претрес
МВР со акција низ државата: Осум возачи приведени за безобѕирно управување возило
МВР
Речиси 900 прекршоци со електрични тротинети за еден месец
МВР
Жена пронашла димна бомба во плакар во стан во Аеродром
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Смена на врвот: Судскиот совет не ја избра Адеми, Фидани поставен за шеф на Врховниот суд

Претрес.мк
Последни промени 26/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Со 8 гласа „за“ и 5 „против“, Судскиот совет денеска го избра судијата Африм Фидани за нов претседател на Врховниот суд. Неговата противкандидатка, судијката Беса Адеми, која ја вршеше функцијата до февруари годинава, доби само 2 гласа „за“ и 11 „против“, што не беше доволно за повторен мандат.

На истата седница, Советот треба да избере и 10 нови судии за Апелациониот суд Скопје.

Африм Фидани има долгогодишна кариера во правосудниот и јавниот сектор:

1990–1996: работел во просветата на правно-административни позиции.

1996–2005: бил републички инспектор за труд во Државниот инспекторат за труд, со фокус на работните односи.

2005–2007: ја извршувал функцијата секретар на Општина Врапчиште.

2007–2011: работел како адвокат со канцеларија во Гостивар.

2011: е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде работи во кривичниот оддел.

Подоцна, со одлука на Судскиот совет, е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија.

Сега, со мнозинство гласови, Фидани го презема највисокото место во судскиот систем.

Претходно, Беса Адеми, поранешна претседателка на Врховниот суд, беше во центарот на контроверзии поради иницијативата за нејзино разрешување, поднесена од членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа. Мустафа ја обвини Адеми за непочитување на обврските како член по функција во Судскиот совет, наведувајќи дека таа не присуствувала на 21 седница од мај до октомври 2023 година без соодветни оправдувања. Дополнително, интервјуто на Адеми за порталот СДК.мк, во кое зборуваше за политички притисоци врз судството, беше исто така предмет на критика. Адеми и нејзината одбрана ги отфрлија обвинувањата, истакнувајќи дека нејзиното отсуство било оправдано и дека интервјуто претставува израз на слободата на говор. Таа нагласи дека постапката против неа е обид за политички притисок врз судството. Судскиот совет, по разгледување на извештајот од Комисијата, одлучи да ја запре постапката за утврдување на одговорност на Адеми, дозволувајќи ѝ да ја продолжи функцијата како претседателка на Врховниот суд.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Земам 90.000 денари плата, но сметам дека е мала, вели обвинителката Раичевиќ која сака да биде шефица
(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна
МВР со акција низ државата: Осум возачи приведени за безобѕирно управување возило
Речиси 900 прекршоци со електрични тротинети за еден месец
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад