Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ќе им се суди на вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола – се гони криминал за избор на фирма за ископ на јаловина
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тешко повреден работник на градилиште во скопско училиште
МВР
Лекар од Струшката болница обвинет за несовесна работа и незаконско примање плата
МВР
Обвинение за напад врз новинари кај отпадот во Визбегово – се истражува и причината за пожарот
 Предмети
Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства
МВР
Детали за двојното убиство и самоубиство во Прилеп: Петар веќе бил пријавуван за пукање, пиштолот го наследил од татко му
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Ќе им се суди на вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола – се гони криминал за избор на фирма за ископ на јаловина

Претрес.мк
Последни промени 06/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик со дејствија со кои на Буџетот на АД ЕСМ-Подружница РЕК Битола му предизвикале значителна имотна штета во износ од 178.370.319 денари.

„Обвинение е поднесено и за 3 службени лица од Бирото за јавни набавки, кои како соизвршители во кривично дело Несовесно работење во службата од член 353в став 4 од Кривичниот законик со пропуштање на должен надзор, очигледно несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при вршење на управна контрола на постапката за јавна набавка.

Од обвинетите за злоупотреби, тројца се службени лица – членови на Стручната комисија со овластување да извршат евалуација на понудите на јавна набавка за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола, кои спротивно на Законот за јавни набавки донеле одлука со која незаконито ја елиминирале понудата на еден економски оператор од понатамошна евалуација. Иако фирмата доставила доказ дека ги исполнува условите за техничка и професионална способност од тендерската документација, тие сепак ги оцениле ваквите докази како неприфатливи и ја отфрлиле понудата.

Тројца членови на Комисијата за јавни набавки за спроведување на отворена постапка за јавна набавка го прифатиле ваквото стручно мислење, иако спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и на електронската аукција поканиле само два други економски оператори кои имале понудено повисоки почетни цени од елиминираната фирма.

Обвинетиот директор на РЕК Битола го прифатил предлогот за избор на најповолна понуда содржан во Извештајот на Комисијата за спроведување на јавната набавка иако бил спротивен на одредбите од Законот за јавни набавки и на 03.10.2022 склучил договор за ископ на инвестициска откривка во Рудникот Брод Гнеотино со РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола во износ од 708.000.000 денари со ДДВ. Потоа, во септември 2023 година, директорот склучил и анекс кон договорот со кој вредноста на јавната набавка ја зголемил за дополнителни 20% односно за 120.000.000 денари, со што исто така постапил спротивно на Законот за јавните набавки, бидејќи претходно не извршил дополнителна анализа на исплатливост и не ги дообезбедил потребните парични средства кои според законските одредби требало да бидат обезбедени во целост пред склучување на договорот.

Службените лица од Бирото за јавни набавки, обвинети за несовесно работење, извршиле увид во целокупната документација поврзана со јавната набавка и требало да утврдат дека понудата на еден економски оператор е незаконски отфрлена, но тие пропуштиле тоа да го сторат и на договорниот орган противправно му дале инструкции да продолжи со постапката за јавна набавка и да го склучи договорот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за одземање на противправно прибавената имотна корист од 178.370.319 денари која како резултат на сторените кривични дела од обвинетите била исплатена на правното лице ДПТУ РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола. Оваа имотна корист во текот на постапката, по барање на Основното јавно обвинителство Битола е предмет на привремена мерка за обезбедување имот и средствата се замрзнати на сметка до донесување пресуда“, велат од Обвинителството.

Можеби ќе ти се допадне

Обвинение за напад врз новинари кај отпадот во Визбегово – се истражува и причината за пожарот

Куќен притвор доби лицето осомничено дека ја нападнало Арсовска

Поднесено обвинение против ексдиректорот на затворот во Шутка и затворски полицајци

За Јордан Ѓоргиев и Васил Јованов – притвори. За Љури кој го прегази Југо? Се чека одговор на жалбата, па ќе следува одлука

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тешко повреден работник на градилиште во скопско училиште
Лекар од Струшката болница обвинет за несовесна работа и незаконско примање плата
Обвинение за напад врз новинари кај отпадот во Визбегово – се истражува и причината за пожарот
Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад