СВР Штип поднел кривична пријава против тројца турски државјани на возраст од 21, 23 и 23 години поради сомнение за сторено кривично дело „самовластие“.Според информациите од МВР, на 3 ноември 2026 година, во куќа во селото Стар Караорман, Штипско, пријавените наводно со закана со огнено оружје од шестмина турски државјани одзеле шест лаптоп-компјутери, пет мобилни телефони, пари и лични документи на едно од лицата.
Сподели го овој напис
