Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Антикорупционерката Димитровска може само да зема плата, но не и да работи, ама не се ни појавила на работното место
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење
Новости
Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери
Новости
Едногласна позитивна оценка за Ристовска и Савевски, еден против Раичевиќ: заврши оценувањето на кандидатите за републички обвинител
Судии и обвинители
Фатени осум возачи без дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
МВР
Четиригодишно дете тешко повредено во сообраќајка во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Антикорупционерката Димитровска може само да зема плата, но не и да работи, ама не се ни појавила на работното место

Претрес.мк
Последни промени 25/04/2025
Претрес.мк
Сподели

Претседателката на Комисијата за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која сега е осомничена за оддавање на службена тајна на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино и осомничен во предметот „Адитив“, денеска не се појавила на работа. Истовремено таа од судот доби забрана за било каков контакт со предмети во рамки на Антикорупциска.

„Осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кои го водат предметот против неа, што би значело дека таа може само да зема плата, а ништо да не работи. Засега нема ниту постапка за нејзино разрешување од пратениците, кои ја избраа Димитровска за член на Комисијата.

Димитровска се сомничи дека издавала информации од предмети, но и одлуки по предмети на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ. До сознанијата се дошло откако бил вештачен неговиот телефон, па се најдени пораките на „Ватс’ап“ и „Вибер“, соопшти Обвинителството.

Истовремено, Антикорупциската комисија со која претседава Димитровска досега постапувала по предмети кои ги отвориле, а се поврзани со случајот „Адитив“. Пријавите биле отфрлени со потпис на претседателката.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење
Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери
Едногласна позитивна оценка за Ристовска и Савевски, еден против Раичевиќ: заврши оценувањето на кандидатите за републички обвинител
Фатени осум возачи без дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад