Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Мицкоски за членовите на Судски совет: Сѐ уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот
Судии и обвинители
Скопјанец ја тепал сопругата, па и се заканувал со остар предмет
МВР
Велосипедист со тешки повреди, лицето со кое се судриле во Аеродром – избегало
МВР
Вчера 968 сообраќајни казни, 636 за брзо возење – но има казни и за возила без видливи регистрации
МВР
Во Европа се раѓа нова генерација терористи: тие се помлади и на властите им е тешко да ги откријат
Брифинг
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

Мицкоски за членовите на Судски совет: Сѐ уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон

Претрес.мк
Последни промени 24/04/2025
Претрес.мк
Сподели

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна на тие кои што ги гласале, тие и понатаму продолжуваат да бидат дел од Судскиот совет и да земаат илјадници евра месечен надомест, притоа уживајќи помалку од 2 проценти доверба кај граѓаните и никому ништо. И тоа доволно ви кажува за каков профил на личности станува збор и зарем вие очекувате нешто различно од нив да донесат како одлука, посебно за случајот за младата Теодора која е прегазен ана пешачки премин.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

Мицкоски упати остри реакции и за Советот на јавни обвинители.

„Но, не е само тоа. Во случајот има и една друга институција Советот на јавни обвинители, таму има еден замислете еден виш јавен обвинител кој што бара да се намали првостепената пресуда. Затоа што овој случај има прв дел од пресуда од 3 и пол години, се жали обвинителот на ниска казна, неговиот надреден кој што е во Вишото ја прифаќа одлуката односно прифаќа таа да биде помала од 2 години.“, рече Мицкоски.

„Зарем вие очекувате од овие луѓе нешто повеќе. Јас не. Образ ѓон.“, изјави Мицкоски.

„Ако некој мисли дека ние имаме кратко помнење се лаже, нема така едноставно да поминуваат некои работи. Правдата мора да биде неприкосновена и да ја добијат сите.“, дециден е Мицкоски.

Во однос на реформите, Мицкоски истакна дека се во завршна фаза и очекува до крајот на јуни да бидат донесени, но како што рече лично има дилема дека нешто од тоа ќе функционира со вакви судии и обвинители.

„Тие се работат и се во завршна фаза. И се дел од реформската агенда и има јасен датум дека до 30.06 треба да се донесат. Но, искрен да бидам лично мислам и имам дилема дека нешто од тоа ќе функционира со овие вакви судии и обвинители кои се бирани на начин на кој што се бирани. Не сите, туку мала група, но таа мала група го контаминира она поголемо ткиво кое заслужува да биде и судија и обвинител.“, истакна премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ти се допадне

Во Европа се раѓа нова генерација терористи: тие се помлади и на властите им е тешко да ги откријат

Поистоветувате затвор со гроб, извинете што не се распаднавме, фалеше само и упатство „Како да убиете и да бидете неказнети“, вели Кулакова за Дуковски

(Фото) Запалени куќата и станот кои беа на Зоки Фаци

(Видео) Домот ми беше запален, имам сомневање дека зад ова стојат криминалците, објави директорот Пандов

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот
Скопјанец ја тепал сопругата, па и се заканувал со остар предмет
Велосипедист со тешки повреди, лицето со кое се судриле во Аеродром – избегало
Вчера 968 сообраќајни казни, 636 за брзо возење – но има казни и за возила без видливи регистрации
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад