Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднела кривична пријава против 48-годишниот В.Ц. од селото Долни Манастирец, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Според пријавата, на 18 септември во селото Долни Манастирец, пријавениот од небрежност предизвикал пожар додека работел со апарат за заварување.Како што е наведено, пожарот настанал поради искрење при заварувањето. За случајот е поднесена кривична пријава до надлежните органи.
Сподели го овој напис
