Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обвинение за таткото на Васил, повеќе од две години му давал да го вози возилото без возачка, со кое смртоносно ја прегази Фросина
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Приведен 31-годишен Охриѓанец по пријава за физички напад врз девојката
МВР
Жена од Скопје пријавила дека била нападната од две сосетки на Бит-пазар
МВР
Кривична за Кочанец: Тропал на нејзината врата и ѝ испраќал заканувачки пораки по расправија за сообраќаен прекршок
МВР
Возеле без положен испит, пијани или со забрана – 11 лица уапсени
МВР
Напади врз сопружници, партнери и членови на семејството – 15 пријави за семејно насилство
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Обвинение за таткото на Васил, повеќе од две години му давал да го вози возилото без возачка, со кое смртоносно ја прегази Фросина

Претрес.мк
Последни промени 03/04/2025
Претрес.мк
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат.

Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година“, велат од Обвинителството

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Приведен 31-годишен Охриѓанец по пријава за физички напад врз девојката
Жена од Скопје пријавила дека била нападната од две сосетки на Бит-пазар
Кривична за Кочанец: Тропал на нејзината врата и ѝ испраќал заканувачки пораки по расправија за сообраќаен прекршок
Возеле без положен испит, пијани или со забрана – 11 лица уапсени
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад