Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Престрелка во Скопје, едно лице застрелано – имало и бркотница низ градот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Седумдесетгодишен скопјанец починал во Поликлиниката Бит Пазар
МВР
Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник
МВР
Ја принудувал партнерката на полови дејствија и ја тепал, по лекарските прегледи било утврдено дека жената е бремена и има хематоми на повеќе делови од телото.
МВР
Возач удрил жена во Куманово и го напуштил местото на несреќата
МВР
Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Престрелка во Скопје, едно лице застрелано – имало и бркотница низ градот

Претрес.мк
Последни промени 20/03/2025
Претрес.мк
Сподели

Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања.

„Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед дека се прават испитување.

Пред или по пукањето, неофицијално, имало бркотница низ Скопје, со две од возилата марка „порше“ и „голф“, додека третото е непознато. Неофицијално, дел од лицата кои се бркале се од Батинци и имале нерасчистени односи од порано.

Од МВР со детали:

„Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Седумдесетгодишен скопјанец починал во Поликлиниката Бит Пазар
Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник
Ја принудувал партнерката на полови дејствија и ја тепал, по лекарските прегледи било утврдено дека жената е бремена и има хематоми на повеќе делови од телото.
Возач удрил жена во Куманово и го напуштил местото на несреќата
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад