Седумдесетгодишен жител на Скопје починал во Поликлиниката Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 11 ноември 2026 година, околу 13:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиниката починал Ѓ.С. (70) од Скопје.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, по што бил извршен увид. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
Сподели го овој напис
