Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Кај Боре Видевски се најдени куршуми, но не и пиштолот за нив, сведочи полицаец во случајот за убиствата на Вања и Панче
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Двајца кавадарчани приведени за кражба на клупа од јавен простор
МВР
Приведен жител на Стримница по закани со нож кон градоначалникот на Желино
МВР
Пукале од оружје на семејна веселба во Лажани, две лица приведени
МВР
Тошковски: МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона
МВР
МВР со детали за апсењето на убиецот на Тучинот во скопската чаршија
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

(Видео) Кај Боре Видевски се најдени куршуми, но не и пиштолот за нив, сведочи полицаец во случајот за убиствата на Вања и Панче

Претрес.мк
Последни промени 05/03/2025
Претрес.мк
Сподели

Полицискиот службеник Стојан Кујунџиевски, вработен во СВР Велес, а кој е повикан како сведок на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо во случајот за убиството на Вања и Панче Жежовски, раскажуваше како течела потрагата по сега убиениот велешанец. Палевски го прашуваше полицискиот службеник каде е пиштолот на Боре Видевски и што се случувало при претресот на домот на овој обвинет.

„Јас заедно со другите колеги од СВР Велес во иистрагата по исчезнато лице Панче Жежовски. По добивање на сознание, беа извршени контроли, беа прегледани видео записи од влезови и излезите на Велес, со цел лоцирање на возилото на исчезнатиот Панче Жежовски“, рече Кујунџиевски.

Палевски му покажа службена белешка на службеникот потпишана од него, во која било наведено дека од снимки одземени од надзорни камери во хотел „Романтик“, стоело дека се гледало возилото „Ренко Кангу“ со две лица и „Цитроен“ со едно лице. Па го праша: „Дали и денеска стоите на ова во службената белешка?“.

„Да, доколку тогаш сум го кажал тоа. Сте констатирале дека во цитроенот има две лица, во реното едно. Дали се сеќавате како беа облечени? Немам одговор, не можам да се сетам како беа обллечени“, рече сведокот.

Сведокот беше прашан и за оружјето одземено од домот на обвинетиот Боре Видевски. Меѓудругото биле најдени куршуми за пиштол, но не и пиштол, појасни сведокот.

„Дали сте сеќавате дека сте одземале предмети од Јасминка Видевска?“, праша Палевски на што доби одговор: „Ловна пушка, патроли за ловна пушка, и куршуми 9мм за пиштол“. Потоа Палевски допраша: „А каде ги предадовте?“, на што доби одговор: „Во магацин на СВР Велес“.

„Пиштолот не беше пронајден при претресот и дополнителното одземање на истиот. Претресот е правен од страна на колеги, на 03.12.2023 и јас не бев присутен на истиот. При претресот кај Боре Видевски беше барано оружјето, но не можам да кажам што се случувало или не бидејќи јас не бев присутен. Дополнително, јас немав никаков контакт со Боре Видевски за да го прашам каде е пиштолот“, рече сведокот, кој е полициски службеник од СВР Велес.

Потоа, на 13 декември 2023 година, сите предмети потребни за истрагата од СВР Велес биле предадени во СВР Скопје.

„Дали преднетите кои ги наведовте СВР Скопје ги виде?“, праша Палевски и доби одговор: „ Предметите не ги виде, но документацијата да“. Потоа допраша: „Зошто предметите не?“, на што сведокот одговори: „Предметите се предмет на управна постапка за одземање на оружје и истите во магацин на СВР Велес за чување. Исто и дозволите за чување“.

Четиринаесетгодишната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес неколку дена подоцна, односно на 3 декември 2023 година.

Можеби ќе ти се допадне

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое почина на Клинички, по повреда на новогодишната ноќ

Кривична постапка за „Јужна пруга“: објектот работел и покрај службена забрана

Полицијата откри импровизирана лабораторија за марихуана во дом во Богородица: татко и син под истрага за марихуана

Ужасен случај во Битола: Ја удирал со боксови по глава, па продолжил да ја удира со трпезариска столица и ја влечел на тераса за да ја фрли

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Двајца кавадарчани приведени за кражба на клупа од јавен простор
Приведен жител на Стримница по закани со нож кон градоначалникот на Желино
Пукале од оружје на семејна веселба во Лажани, две лица приведени
Тошковски: МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад