Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: „Кој е следен?“ – Објавено времето за новиот протест по трагедијата со Фросина, ќе се адресираат три проблеми
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија
МВР
Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин
МВР
628 прекршоци за брзо возење за само шест часа
МВР
12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола
МВР
5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

„Кој е следен?“ – Објавено времето за новиот протест по трагедијата со Фросина, ќе се адресираат три проблеми

Претрес.мк
Последни промени 01/02/2025
Претрес.мк
Сподели

Утре (недела 02.02.2025), во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала под називот „Кој е следен?“. Организаторите најавуваат:

„Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици.

Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:

1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот
2. Недоволна безбедност во градовите
3. Глорификација на девијантно однесување

Алките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Институциите не настапуваат координирано за идентификување на децата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот.

За крај, од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување.
Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија
Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин
628 прекршоци за брзо возење за само шест часа
12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад