Жител на крушевското село Пресил е приведен откако бил затекнат како лови дивеч без потребните дозволи во близина на манастирот „Свети Ѓорѓија“, во атарот на селото Бучин.Од МВР информираат дека на 15 ноември, во 11 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода И.С. од Пресил.При контролата било утврдено дека ловел без дозвола за лов и без дневна дозвола за ловење.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
