Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти бил психички паднат
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Се казнува автоматски, ама плаќањето се докажува на стариот добар начин со уплатници во станица – МВР уште нема софтвер
МВР
Ужас во Битола: татко осомничен дека се самоздаволувал гледајќи порнографија пред малолетен син
МВР
Лишен од слобода 26-годишник од Куманово по напад во објект
МВР
Шест возачи лишени од слобода: без дозвола и пијани зад волан
МВР
Приведени лица за нарушување на јавниот ред во Тетово и Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти бил психички паднат

Претрес.мк
Последни промени 31/01/2025
Претрес.мк
Сподели

Возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, преку неговиот адвокат барал Кривичен суд да не му одреди притвор, дознава „Скопје1“. Тој вчера го убедувал судот дека нема да бега, ни да влијае на сведоци, ниту да го повтори делото.

Јованов, преку адвокатот Сашко Дуковски, посочил дека не може да влијае на постапката бидејќи сите докази потребни на истрагата веќе се собрани. За можноста да избега, посочил дека е невозможно бидејќи пасошот му бил во судот. Тврдел и дека не може да го повтори делото, бидејќи, бил психички паднат, како и дека го погодил настанот, дознава „Скопје1“.

Овие аргументи не го убедија Кривичен суд, каде судија на претходна постапка одлучи да му одреди 30-дена притвор на Јованов. Тој е спроведен на издржување на притворот во затворот во Шутка.

Ова не му е првпат на Јованов да оди во затворска ќелија. Тој минатиот април завршил во притвор, кој му бил изречен додека траела истрагата за дрогата пронајдена во неговиот дом. По три и пол месеци, односно крајот на јули, тој излегува во притвор со одлука на судијката Даниела Алекосвска-Стојановска.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Се казнува автоматски, ама плаќањето се докажува на стариот добар начин со уплатници во станица – МВР уште нема софтвер
Ужас во Битола: татко осомничен дека се самоздаволувал гледајќи порнографија пред малолетен син
Лишен од слобода 26-годишник од Куманово по напад во објект
Шест возачи лишени од слобода: без дозвола и пијани зад волан
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад