Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР со детали за акцијата и апсењето на Штекли: најдена е прашкаста материја во пакувања
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео и фото) Откако ги претресоа, четворица од свадбарите во гостиварско добија и притвори за пукањето кое го снимале и објавиле
МВР
Малолетник со мопед удри 84-годишен пешак во Скопје, пешакот тешко повреден
МВР
Избувнал пожар во кујна на маркет во Скопје, нема повредени
МВР
Српски државјанин приведен на Табановце, приложил фалсификувана возачка дозвола
МВР
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Богородица
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР со детали за акцијата и апсењето на Штекли: најдена е прашкаста материја во пакувања

Претрес.мк
Последни промени 19/01/2025
Претрес.мк
Сподели

На 18 и 19.01.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје.

Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.

При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со прашкаста материја. Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против 14 лица до надлежното Јавно обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Имајќи предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот јавен обвинител, јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео и фото) Откако ги претресоа, четворица од свадбарите во гостиварско добија и притвори за пукањето кое го снимале и објавиле
Малолетник со мопед удри 84-годишен пешак во Скопје, пешакот тешко повреден
Избувнал пожар во кујна на маркет во Скопје, нема повредени
Српски државјанин приведен на Табановце, приложил фалсификувана возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад