Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ди-џејот Љупчо во Радишани починал од насилна смрт: Семејството гневно, по пет месеци обвинителката сега пак ќе вештачи
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР со црн билтен: Малолетничка од Гостивар е жртва на обљуба, измамена старица и нови случаи со дрога
МВР
Лишен од слобода крадец од струмичко, при приведувањето со пушка им се заканувал на полициските службеници
МВР
Поднесено обвинение против ексдиректорот на затворот во Шутка и затворски полицајци
 Предмети
Кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје, да го продаваат во Кавадарци
МВР
Хеликоптерите Бел и Агуста го ставија под делумна контрола пожарот кај Блаце
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

Ди-џејот Љупчо во Радишани починал од насилна смрт: Семејството гневно, по пет месеци обвинителката сега пак ќе вештачи

Претрес.мк
Последни промени 15/12/2024
Претрес.мк
Сподели

Младиот ди-џеј Љупчо Лешко загинал од насилна смрт додека пуштал музика на приватна забава во скопско Радишани. Ова е конечниот став на Судска медицина по скоро пет месеци откако ја започнаа обдукцијата. Со ова, се потврди тврдењето на родителите дека нивниот син не починал од срцев удар како што, им тврдел вработен инспектор од МВР. Иако е утврдена причината за смртта, и натаму, не е утврдено од што е предизвикана и што било неисправно. Нема осомничени, ниту лица кои биле во притвор. Родителите, Раде и Кети Лешко, го вперија прстот во сопствениците на приватниот објект. Обвинителката Тања Трајчевска наредила нови вештачења.

„Обезбедени се сите апарати кои биле поставени за пуштање на музика. Испитани се сведоци заради разјаснување. На сите прашања е дадена наредба за електро-техничко вештачење пред една недела. Дадена е наредбата за вештачењето да биде завршено во рок од 30 дена“, кажа обвинителката Трајчевска на брифинг со новинарите.

На забелешката од „Скопје1“ зошто требало да поминат пет месеци за да се даде наредба за ново вештачење дури сега, кога за пет месеци може да се смени цела инсталација во објектот – таа одговори: „ Кога се случи настанот имаше електро-инженер присутен, беше направен увид, и вештото лице сега ќе има во предвид се од настанот, сликани се таблите. Нема да има проблеми. Мислам дека ќе има соодветно електро-техничко вештачење“, додаде обвинителката.

Болката на семејството Лешко е уште поголема. Неговата сестра, Стефанија Лешко, ги прашува институциите што планираат понатаму, бидејќи се сигурни дека постојат доволно докази за да се покрене кривична постапка против газдите на објектот.

„Денес,по нецели 5 месеци добивме извештај од судска медицина во кој сомнежите на мене и моето семејство се потврдија. Причината за смрт на мојот брат е струен удар.Покрај сите докази и изјави би сакала јавно да ги прашам институциите “понатаму што?”. Уверени сме и сигурни дека не е несреќен случај и мислиме дека ЈО има доволно докази за да поведе кривична постапка против сопствениците на објектот. Исто така,сакам да упатам апел до јавноста,особено до родителите дека во Скопје и цела Македонија има премногу објекти кои работат без дозвола за вршење на таква дејност,со кои државата и инспекторатите би требало да се позанимаваат најмногу поради постоење на голем ризик од вакви случаи со смртен исход“, вели Стефанија Лешко за „Скопје1“.

Во поткастот „Претрес“, родителите на Љупчо, отворено зборуваа за сѐ што се случило кобната ноќ. Сметаат дека постојат пропусти при увидот, но имаат и сомневање дека не се преземени сите мерки за да се утврди точната причина, па потенцираа дека објектот никогаш не бил запечатен. Тие посочија дека дури им била вратена миксетата од која Љупчо пуштал музика, па ја донесоа во студио. Иако тоа е возможно, останува отворено прашањето, зошто миксетата им била вратена од МВР, кога, истата е дел од доказен материјл, кој подоцна, може да биде предмет и на ново вештачење. Целиот разговор погледнете го тука:

Можеби ќе ти се допадне

(Видео) За првпат адвокатот Давидовиќ проговори за доказите за трагедијата во „Пулс“: Родителите нема да ги добијат сите одговори

(ВО ЖИВО) Адвокатот Давидовиќ очекува маратонска судска постапка за Пулс

(ВО ЖИВО) Давидовиќ: Обвинетиот обезбедувач бил само гостин во Пулс, обвинението се уште го немаме

(ВО ЖИВО) Богдановиќ би прифатил понуда од Димитриевски да биде кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Центар

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР со црн билтен: Малолетничка од Гостивар е жртва на обљуба, измамена старица и нови случаи со дрога
Лишен од слобода крадец од струмичко, при приведувањето со пушка им се заканувал на полициските службеници
Поднесено обвинение против ексдиректорот на затворот во Шутка и затворски полицајци
Кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје, да го продаваат во Кавадарци
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад