Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Под дејство на дрога, со голема брзина прегазил жена и избегал од местото: скопјанец осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици во Марино
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Три автомобили опожарени во Скопје во 4 часот по полноќ
МВР
Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро
МВР
Шест полицајци суспендирани за случајот со натепаните момчиња
МВР
Маж од Кичево пронајден починат во својот дом
МВР
Прилепчанец осомничен за нелегално поседување и фалсификување оружје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Под дејство на дрога, со голема брзина прегазил жена и избегал од местото: скопјанец осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици во Марино

Претрес.мк
Последни промени 06/11/2024
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1, но и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода според член 301 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот 46-годишен скопјанец, на 2 ноември, управувал автомобил “Хонда” под дејство на опојна дрога. Во селото Марино возел со брзина поголема од дозволената и неоприспособена спрема условите на патот, така што кога се доближил до раскрсница меѓу две улички не забележал дека на коловозот има жена-пешак. Неможејќи навреме да запре, со автомобилот удрил во телото на жената, која се здобила со тешки телесни повреди и починала. Осомничениот, по несреќата, веднаш го напуштил местото на настанот и се обидел да го прикрие стореното кривично дело.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Три автомобили опожарени во Скопје во 4 часот по полноќ
Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро
Шест полицајци суспендирани за случајот со натепаните момчиња
Маж од Кичево пронајден починат во својот дом
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад