Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: „Ја удирал по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи“, покрената постапка против скопјанец
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Откриена кражба на струја во Мала Речица: Нелегално се снабдувале угостителски објект и кат од куќа
МВР
13-годишно момче нападнато од група малолетници во Тетово
МВР
Стан се запали во Гостивар, два полицајци и еден граѓанин побарале лекарска помош
МВР
Пукал на семејна веселба во Боговиње, куршум оштетил покрив на куќа – приведен 60-годишник
МВР
Акциска контрола во Тетово: Санкционирани 50 возачи, уапсено едно лице и одземени мопед и тротинет
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

„Ја удирал по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи“, покрената постапка против скопјанец

Претрес.мк
Последни промени 16/10/2024
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштетената за коса, ја извадил од такси возилото и ја удрил со глава во челото со што и ја пукнал левата аркада. Потоа продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи.

Според проценката на јавниот обвинител, во конкретниот кривично-правен настан се исполнети законските претпоставки за определување на мерка притвор – опасност од бегство и можност да го повтори семејното насилство кон оштетената. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Откриена кражба на струја во Мала Речица: Нелегално се снабдувале угостителски објект и кат од куќа
13-годишно момче нападнато од група малолетници во Тетово
Стан се запали во Гостивар, два полицајци и еден граѓанин побарале лекарска помош
Пукал на семејна веселба во Боговиње, куршум оштетил покрив на куќа – приведен 60-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад