Вработен во казино во Брвеница е пријавен дека од касата на објектот одзел 48.540 денари, информира Министерството за внатрешни работи.На 3 ноември 2026 година, во 13 часот, во СВР Тетово случајот го пријавил 45-годишен Скопјанец, овластено лице на правниот субјект. Според пријавата, парите ги одзел 30-годишниот А. Д. од Тетово, кој бил вработен во казиното.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
