Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кривични пријави за дрога и насилство, приведени повеќе лица
МВР
Уапсени 10 возачи: петмина возеле без дозвола, четворица под дејство на алкохол
МВР
МВР: Над 1300 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 57 лица лишени од слобода
МВР
Пијан возач од охридско удрил пешак и побегнал, подоцна пронајден со 2,78 промили
МВР
Возач лишен од слобода по удирање пешак под дејство на алкохол
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните

Претрес.мк
Последни промени 12/10/2024
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Сарај ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од овој дел на Скопје до услугите на МВР.

Министерот Тошковски истакна дека отворањето на канцеларијата, трета по ред за краток период, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.

„Денеска сме во рамки на Полициското одделение на територија на Општина Сарај и како што и најавивме освен што започнавме со отворање на управни служби во рамки на Општина Јегуновце, Општина Липково, еве денес и во рамки на Општина Сарај започнуваме со спроведување на севкупната акција која е насочена кон доближување на услугите на министерството за внатрешни работи до граѓаните. Од денес, граѓаните на Општина Сарај ќе можат реално да пристапат во рамки на својата Општина, да не треба да патуваат до пунктовите во рамки на градот Скопје, поедноставно и побрзо да го завршуваат процесот на вадење на лични документи. Овде ќе може да се заврши целосниот процес од отпочнување на постапката се до земање на документот“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи и дека се планира со новиот закон за внатрешни работи и полиција, Полициското одделение во Сарај треба да прерасне во Полициска станица со што ќе се зголеми бројот на полициски службеници што ќе резултира со зголемување на безбедноста во самата општина и околните места.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кривични пријави за дрога и насилство, приведени повеќе лица
Уапсени 10 возачи: петмина возеле без дозвола, четворица под дејство на алкохол
МВР: Над 1300 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 57 лица лишени од слобода
Пијан возач од охридско удрил пешак и побегнал, подоцна пронајден со 2,78 промили
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад