Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) 12 полицајци снимени при злоупотреба, „паднаа“ и шест вработени на патарини
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо) Давидовиќ: Вината за процесот за Пулс е кај екс обвинителот Коцевски кој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата
Претрес
(ВО ЖИВО) Во Врање приведено лицето кое прегази и усмрти жена во Капиштец
Претрес
(Во живо) Ексклузивно во Претрес, Давидовиќ покажа договор за пренос на пари на мајката на судијата Ристов
Претрес
(Во живо) Адвокатот на судијата Ристов: Немам толку пари за да ги чувам во ѕид
Претрес
(ВО ЖИВО) 350.000 евра соѕидани зад плочки – сите детали за парите најдени кај родителите на судијата Ѓоко Ристов
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) 12 полицајци снимени при злоупотреба, „паднаа“ и шест вработени на патарини

Претрес.мк
Последни промени 01/10/2024
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против 18 службени лица (12 – дванаесет се полициски службеници – припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при Јавното претпријатие за Државни патишта) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик. По преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо) Давидовиќ: Вината за процесот за Пулс е кај екс обвинителот Коцевски кој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата
(ВО ЖИВО) Во Врање приведено лицето кое прегази и усмрти жена во Капиштец
(Во живо) Ексклузивно во Претрес, Давидовиќ покажа договор за пренос на пари на мајката на судијата Ристов
(Во живо) Адвокатот на судијата Ристов: Немам толку пари за да ги чувам во ѕид
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад