Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 49-годишен тетовец кој управувал мотоцикл без возачка дозвола.Од МВР информираат дека на 10 септември во 18:40 часот, на булеварот „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници при сообраќајна контрола сопреле мотоцикл „Сузуки“ со тетовски регистарски ознаки.Со мотоциклот управувал Ј.А. (49) од Тетово, при што било утврдено дека немал возачка дозвола.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
