Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Левица бара Гаши да виде сменет, поднесоа интерпелација за работата на собранискиот спикер
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка
 Предмети
Пет лица се испотепале кај Момин поток
МВР
Со психолошки терор и уцени, 28-годишен штипјанец му извлекол четврт милион денари на младо момче
МВР
Пријавил напад од лажни полицајци во Центар – 26-годишен маж од Крива Паланка бил претепан
МВР
(Видео) „Обвинителството повторно го уби Љупчо“ – семејството разочарано по одлуката да нема обвинение
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Левица бара Гаши да виде сменет, поднесоа интерпелација за работата на собранискиот спикер

Претрес.мк
Последни промени 06/08/2024
Претрес.мк
Сподели

Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

– Пратеничката група на Левица денеска во Парламентот поднесе интерпелација за работата на спикерот Африм Гаши. Споре Левица, тој воведува непринципиелни политики во Собранието.

Во интерпелацијата се наведени седум точки, образложени на десет страници.

Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор, односно на почетокот на септември, на првата наредна седница по истекот на 10 работни дена.

Првите две точки се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.

Во однос на групната молитва Апасиев рече дека е „нешто без преседан во историјата на македонското Собрание“.

Втората основа е повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече Апасиев.

Основи на барањето Гаши да се отповика од функцијата, според Левица, се и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, како што рече Апасиев, „свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци“, потоа повреда на правилата за употреба на државните инсигнии со тоа што во пленарната сала, спротивно на законот „нелегално стојат уште две други знамиња, знамето на НАТО и знамето на ЕУ каде што ние се уште не сме членки“.

Повредено е, рече, и начелото на инкомпатибилност на функциите, односно го повикуваат на политичка одговорност Гаши затоа што не констатирал престанок на мандатот на новоизбраниот пратеник Талат Џафери „кој илегално ги извршуваше функциите премиер и пратеник“.

Шестиот основ е повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам, со тоа што сопругата на Гаши патуваше со него во Вашингтон повреден е Законот за спречување на корупција и е направена тешка дисциплинска повреда на етичкиот кодекс за пратениците.

И последниот основ е повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците поради тоа што не се почитуваат императивните рокови за закажување седници, поради тоа што продолжува лошата пракса на шверцување закони по скратена постапка и поради тоа што не се обезбедени низа деловнички гаранции за нормално функционирање на пратениците, соопшти Апасиев.

Можеби ќе ти се допадне

Уапсен бизнисменот Крмзов, кого го поврзуваа со Заеви

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

(Видео) Пак прскалки во затворена просторија, организаторот казнет

(Фото) Запален автомобил на политичар во Битола

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка
Пет лица се испотепале кај Момин поток
Со психолошки терор и уцени, 28-годишен штипјанец му извлекол четврт милион денари на младо момче
Пријавил напад од лажни полицајци во Центар – 26-годишен маж од Крива Паланка бил претепан
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад