Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Возилото на директорот на „Идризово“ е седмо кое е опожарено: има сомнежи дека нарачките се од затвореници, целта заплашување, но сторителите неоткриени
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР со засилени контроли: 6.932 прекршоци и 503 кривични пријави за возачи на мопеди и мотоцикли
МВР
Се запалил камион во движење на булеварот „Борис Трајковски“
МВР
Ја нападнал невенчаната сопруга и запалил предмет во домот во Велес
МВР
Затекнат со усмртено диво животно во ранец за време на сезона кога е забранет лов – приведен 56-годишен неготинец
МВР
Двајца 18-годишници физички нападнале 23-годишна девојка во Тетово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Возилото на директорот на „Идризово“ е седмо кое е опожарено: има сомнежи дека нарачките се од затвореници, целта заплашување, но сторителите неоткриени

Претрес.мк
Последни промени 15/05/2024
Претрес.мк
Сподели

Повеќе од една година, автомобилите на вработени и раководни лица во затворот „Идризово“ се мета на неоткриени пиромани. Заедничко за сите случаи е што автомобилите се запалени среде ноќ, а сторителите не се откриени. Сите пожари се подметнати. Извори за „Скопје1“ велат дека целта е заплашување, а станува збор за нарачки кои можеби доаѓаат и од затворот.

Возилото на директорот на затворот, Зоран Јовановски, е седмо кое беше опожарено. Претходно, пред точно една година, пред џамија запален беше автомбилот на заменик-директорот Феми Јонузи. Истиот месец изгоре и возило на чувар во скопско Ново Село. Гореа и автомобили на други вработени. Сите случаи се во рацете на полицијата.

Истовремено, директорот Јовановски укажуваше дека вработените во затворот добиваат закани од затвореници, потоа побара и заштита од МВР односно обезбедување на нивните домови. Ова не им беше овозможено од тогашното раководство на МВР – со образложение дека тоа не е изводливо и дека немаат капацитет.

Доколу се гледа фактолошки, ваквите пиромански чинови на заплашување доаѓаат откако во „Идризово“ има претреси или преместување на затвореници од едно во друго крило. Оттука и дел од сомнежите дека нарачките доаѓаат од зад решетките.

Засега нема информации од МВР до каде е расчистувањето на случаите.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР со засилени контроли: 6.932 прекршоци и 503 кривични пријави за возачи на мопеди и мотоцикли
Се запалил камион во движење на булеварот „Борис Трајковски“
Ја нападнал невенчаната сопруга и запалил предмет во домот во Велес
Затекнат со усмртено диво животно во ранец за време на сезона кога е забранет лов – приведен 56-годишен неготинец
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад