Жена од Прилеп пријавила дека нејзината малолетна ќерка била изложена на закани со дрвен предмет на улицата „Тризла“ во градот.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 7 ноември 2026 година, во 19:30 часот, во ОВР Прилеп. Триесет и шестгодишната С.К. пријавила дека заканите кон нејзината ќерка ги упатил Е.А., татко на нејзиниот вонбрачен сопруг.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
