Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Маж со автоматска пушка им се заканувал на вработени во казино
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Застанала на врата во затворот во Куманово и побарала по пет евра: Стојна раскажа за притворските денови, стражарите не биле сигурни дали се шегува или е сериозна
Претрес
МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци
МВР
Тешко повреден 64-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа
МВР
Уапсен албански државјанин на Табановце, возел „Волво“ барано од Интерпол
МВР
Тројца турски државјани пријавени за самовластие, со закана со оружје одзеле лаптопи, телефони и пари во Стар Караорман
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Маж со автоматска пушка им се заканувал на вработени во казино

Претрес.мк
Последни промени 26/04/2024
Претрес.мк
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Застанала на врата во затворот во Куманово и побарала по пет евра: Стојна раскажа за притворските денови, стражарите не биле сигурни дали се шегува или е сериозна
МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци
Тешко повреден 64-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа
Уапсен албански државјанин на Табановце, возел „Волво“ барано од Интерпол
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад