Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Несреќен случај е паѓањето на кучето од зграда во Тетово, утврдила истрагата на МВР – нема одговорност со име и презиме
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Серија насилни инциденти во Македонија: Татко го натепал синот, еден маж ги нападнал таткото и сопругата, друг — мајка му
МВР
Осум возачи уапсени: возеле без дозвола, пијани или со забрана
МВР
37-годишен маж од Тетово починал во својот дом, наредена обдукција
МВР
Пронајдена дрога при полициски претрес во Кичево, лишено од слобода 45-годишно лице
МВР
Приведен 24-годишник во Ресен, ја нападнал невенчаната сопруга
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Несреќен случај е паѓањето на кучето од зграда во Тетово, утврдила истрагата на МВР – нема одговорност со име и презиме

Претрес.мк
Последни промени 30/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Кучето кое беше снимено како паѓа од седми кат од тетовска зграда бил несреќен случај, посочи техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој кажа дека не може таму да се бара име и презиме, бидејќи станува збор за касус.

„Имаше трагичен случај, каде куче во Тетово паѓа од шестти-седми кат, хорор беше сликата која ја видов. Таму се вклучија луѓе, не само од СВР Тетово, туку и од Скопје. Согласно информациите кои ги добив, колку и јавноста да бараше име и презиме на потенцијален сторител на одредено кривично дело – факт е дека кучето било испровоцирано од пожарникари, кои сакале да го извлечат кучето, а истото во позиција на касус, несреќен случај – загинува како што загинува. Сега не можам јас затоа што јавноста очекувала да има име и презиме предметниот настан, кога фактите говорат дека е касус, не можам да излезам од таа фактичка состојба“, кажа Тошковски во „Претрес со Ландов“.

Истовремено, денеска во 11 часот на булеваорт Благоја Тоска во Тетово ќе се одржи протест.

„Само во Македонија може да помине неказнето екстремно насилство врз бездомно животно кое длабоко потресе илјадници граѓани, очевидци и нанесе страотно страдање и болна смрт на несреќно животно . Убивте бездомно мирно куче, убивте човеков најдобар пријател. Само во Македонија може мирно да се преспие и институциите да не превземат ништо! Ова што се случи во нашиот град е непростлива суровост над невино живо битие од страна на инвеститорот на зграда во изградба и службени лица, пожарникари, кои секаде во светот се синоним за хуманост – а тука кај нас во Тетово, Македонија ставиле пред свршен чин преплашено куче да се фрли од зграда за да им избега и да се спаси“, велат организаторите на протестот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Серија насилни инциденти во Македонија: Татко го натепал синот, еден маж ги нападнал таткото и сопругата, друг — мајка му
Осум возачи уапсени: возеле без дозвола, пијани или со забрана
37-годишен маж од Тетово починал во својот дом, наредена обдукција
Пронајдена дрога при полициски претрес во Кичево, лишено од слобода 45-годишно лице
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад