Маж на возраст од 24 години е лишен од слобода во Ресен поради физички напад врз неговата невенчана сопруга.Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 8 ноември, околу 16:35 часот, на улицата „Славејко Арсов“ во Ресен. Полициски службеници од ОВР Ресен го привеле Е.Џ. (24) од Ресен по пријава за физички напад врз неговата невенчана сопруга.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
