Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Самка ќари државни 29 милиони денари: му застаре долгот благодарение на законот кој го иницираше како пратеник
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Во Кривичниот суд во Скопје ќе се суди предметот за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд
 Предмети
Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски учествуваше на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи/безбедност (MARRI) во Тирана
МВР
„Само родителите знаеле“ – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања
 Предмети
(Видео) Палчо, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотна казна затвор
Судски постапки
Кривична пријава против правно лице и управителот, работеле спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Самка ќари државни 29 милиони денари: му застаре долгот благодарение на законот кој го иницираше како пратеник

Претрес.мк
Последни промени 10/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Државата барала да наплати 29 милиони денари од фирмата „УНИУС-ИС“ на експратеникот Самка Ибраимоски, но тоа нема никогаш да се случи, бидејќи тој го искористил законот кој сам го иницираше и долгот му е застарен. Македонија барањето за извршување го поднела во 2006 година, извршителот не успеал да наплати до 2016 година, а со новиот закон, ако долгот десет години не се наплати – се отпишува. Ибраимоски беше еден од иницијаторите на тоа долгот да застарува и да не може да се извршува по одреден период. Сепак во изјава за „Скопје1“ посочува дека целта не му била тој да се спаси. Посочува дека државата му должи нему. Но признава, по основ на застареност на извршување, се спасил од враќање на милионската сума.

ЗОШТО ДРЖАВАТА БАРАЛА ДА ГИ ВРАТИ МИЛИОНИТЕ

Пред да стане пратеник, Самка Ибраимоски тврди дека имал мотел во Тетово, кој му бил запален во 2001 година при војната. За ова поднел тужба против државата и барал обесштетување. Судот пресудил дека треба да се обесштети и оваа пресуда, која според неговите зборови станала правосилна. Тој добил средства. Но потоа пресудата подлежела на ревизија – па било одлучено дека „УНИУС-ИС“ на Ибраимоски нема право на пари и требало да ги врати.

„Прво добив пресуда за оштета поради тоа што мотелот ми беше запален во 2001 година. Кога требаше да почне наплатата, тие дадоа ревизија на правосилната пресуда. Значи мене ми платиле врз база на правосилна пресуда, не на жими мајка или чесен збор. Поради мојата политичка ангажираност направија мучка и го вратија предметот на повторно судење. На повторното судење, ми рекоа дека немам пасивна легитимација. Тоа беше чиста политичка игра“, вели Ибраимоски.

Оттука почнува и присилната наплата на парите од страна на државата.

ИБРАИМОСКИ ТРЕБА, НО НЕ ГИ ВРАЌА ПАРИТЕ

Фирмата на Ибраимоски станува должник. Државата бара да ѝ бидат вратени 29.545.277 денари како главен долг. Ова е потврдено и со пресуда од Кривичниот суд во Скопје од март 2006 година, која станала и правосилна со одлука на Апелација.

„…со решение на Врховен суд од 2004 година, пресудата од 2003 година е укината, а врз основа на таа извршна исправа, доверителот наплатил вкупно 29.545.277 денари од должникот, судот одлучи како во изреката на ова решение па предлогот за противизвршување го уважи и му наложи на доверителот во рок од 15 дена да го врати на должникот износот од 29.545.277 денари, односно износот што доверителот го добил со извршувањето во извршната постапка“, стои во пресудата изречена од Ангелина Поповска.

Доверителот Република Македонија поднесува барање за противизвршување во 2009 година, каде како должник се впишува фирмата „УНИУС-ИС“ сопственост на Ибраимоски.

„Врз основа на решение … од 2006 година на Основниот суд Скопје, уважен е предлогот за противизвршување поднесен од должникот, а сега доверител Република Македонија против доверител, а сега должникот … УНИУС-ИС ДООЕЛ Тетово со кое решение му се наложува на сега должникот да му врати на сега доверителот износ 29.545.277 денари на име главен долг. Ова решение е потврдено со решение на Апелациониот суд од 2008 година“, стои во  барањето за извршување до кое дојде „Скопје1“.

СТАНУВА ПРАТЕНИК ВО 2011 И ПОЧНУВА СО БАРАЊАТА ДА ЗАСТАРУВААТ ДОЛГОВИТЕ

Самка Ибраимоски е претседател на ПЦЕР, од чија партија беше и пратеник во Собранието. Тој во изјава за „Скопје1“ посочува дека законот за застарување на долгови и стопирање на наплати од извршители го пропагирал во 2011 година – додека всушност, според документите кои ги поседува „Скопје1“ траело извршување на милионите кои државата ги барала назад. Сепак, Ибраимоски посочува дека тој не должел на државата и не се работело за него.

„Јас овој закон сум го пропагирал и сум барал во 2011 година, тогаш не се работело за мене. Нема врска тоа што јас должам на државата, јас ништо не должам“, вели Ибраимоски.

Тој самиот посочува дека сега нема долг, оти со правосилна пресуда е констатирано дека долгот застарел.

„Јас сум сопственик на фирмата, но немам долг, јас имам пресуда добиено, јас немам долг, имам пресуда дека се поништува по два основа, поради застареност и поради тоа што државата треба да ми плати оштета. Тие да сакале да ги извршат, немале да чекаат 15 години“, вели Ибраимоски.

Кога ја побаравме пресудата со која се констатира дека државата треба да му плати оштета, прво рече дека му е кај адвокатот, па најави дека дополнително ќе ја достави.

ПРИБЕЛЕШКАТА НА МОТЕЛОТ СТОИ, ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАВА

Дека имало прибелешка на мотелот кој го имал Ибраимоски поради долг, потврдува и самиот поранешен пратеник. Тој посочува дека сега има поднесено и кривична пријава против извршителот.

Можеби ќе ти се допадне

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

Уапсен бизнисменот Крмзов, кого го поврзуваа со Заеви

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

(Видео) Пак прскалки во затворена просторија, организаторот казнет

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се суди предметот за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд
Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски учествуваше на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи/безбедност (MARRI) во Тирана
„Само родителите знаеле“ – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања
(Видео) Палчо, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотна казна затвор
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад