Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Како Мијалков дојде до слобода во „Трезор“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Крвав судар кај „Слечиште“ – загинаа двајца возачи, млад охриѓанец и битолчанец кој живеел во Германија
МВР
Тројца уапсени во Кочани и Виница – пронајдени дрога, ваги и опрема за пакување
МВР
Трагична сообраќајка кај Макази: Загинат маж од Битола, повеќе повредени
Новости
(Видео) Сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје, има помал застој
Новости
(Видео) „Сѐ е некако чудно, сѐ е заматено, не ги добивме одговорите“, вели Весна Бејби Петрушевака за несреќата на Тоше Проески
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Како Мијалков дојде до слобода во „Трезор“

Претрес.мк
Последни промени 26/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Обвинителот Артан Ајро, две години откако одново се суди „Трезор“, до судот не поднел вештачење за да докаже дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и останатите вработени во МВР, направиле штета од 21 милион денари, кажа судијката Имране Селмани. Со ова, таа ја правдаше ослободителната пресуда која ја донесе. Сега, државата ќе му ги плати и адвокатите на Мијалков, како и останатите обвинети. Обвинителот Ајро, по пресудата, го напушти судот низ споредниот спореден влез на зградата, со што ги избегна новинарските прашања.

„Судот при одлучување ги имаше напатствијата на Апелација и ги ценеше сите докази, но цени дека не се доволна основа за докажување на кривичното дело кое им се става на обвинетите. Во конкретниот случајот, не го достигна бараниот стандард и не докажа дека обвинетите се сторители на кривичното дело. Штетата мора да биде реална, а претпоставена. Обвинителот не ја докажа штетата, бидејќи нема вештачење. Во ситуација кога отсуствува вештачење во однос на штетата како суштински доказ, судот не може да ја утврди штетата. Пред се станува збор за утврдување на важен факт, а судот не може да се става во улога на вештак. Барањето да се издаде наредба за вештачење од судот, беше одбиено, бидејќи судот не може да предлага докази. Судот може да нареди само супервештачење“, рече судијката Имране Селмани.

Судијката констатираше и: „Трошоците да паднат на товар на Буџетот на Република Северна Македонија“. Воедно, кажа дека судот не можел да бара вечташење бидејќи не е странка во постапката

„Судот констатира дека е пропуштено дејствието на обвинителот, бидејќи не наредил вештачење иако имал можност на тоа, а судот со поинаква одлука, би ја вршел работата на обвинителството. Судот не е странка, нема теорија на случај, туку треба да расуди и да донесе правична одлука“, додаде Селмани.

Со првата прeсудата која беше укината, Мијалков доби – 8 години затвор, а Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години, Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години, Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години.

Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Предметот беше вратен на повторно судење од скопска Апелација во 2022 година. Пет месеци судиите ја пишувале пресудата.

„Трезор“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски беа обвинети дека предизвикале штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на опрема за потребите на УБК. Според судот, обвинетите се договориле да купат опрема за потребите на МВР од британската компанија „Гама интернешнл“, а како посредник била искористена фирмата „Финзи“.

Мијалков доби слобода и во „Трезор“ – Скопје1.мк (skopje1.mk)

Можеби ќе ти се допадне

(Видео) Палчо, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотна казна затвор

Свиреп план, ладнокрвно извршување: Последниот збор на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Палевски ќе одговара што според него правел дента кога е убиена Вања – ново рочиште

Палевски кажуваше каде според него бил кога девојчето е убиено: Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Крвав судар кај „Слечиште“ – загинаа двајца возачи, млад охриѓанец и битолчанец кој живеел во Германија
Тројца уапсени во Кочани и Виница – пронајдени дрога, ваги и опрема за пакување
Трагична сообраќајка кај Макази: Загинат маж од Битола, повеќе повредени
(Видео) Сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје, има помал застој
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад