13-годишник од Скопје бил донесен со повреди во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по физички напад на подрачјето на општина Аеродром.Од МВР информираат дека на 25 септември во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека детето било донесено во болницата со повреди.Според пријавеното, околу 12:20 часот, 13-годишникот бил физички нападнат од С.Р., родител на негов соученик.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
