Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Газдата доби 4 години, возачот 14, шефот 6, – затворски казни за несреќата кај „Ласкарци“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВО ЖИВО) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?
Претрес
(ВО ЖИВО) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг
Претрес
(ВО ЖИВО) Супорт Кочани: Ни се закануваат бидејќи ја говориме вистината
Претрес
(ВО ЖИВО) Хероите од Кочани: Се се сведува на пропаганда и политизирање
Претрес
Кривична пријава против пироман од Скопје, со запаливо средство опожарил патничко возило во Скопје, одреден притвор
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Газдата доби 4 години, возачот 14, шефот 6, – затворски казни за несреќата кај „Ласкарци“

Претрес.мк
Последни промени 15/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Донесена е пресудата за сообраќајната несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 жртви. Сите обвинети се прогласени за виновни од страна на Кривичниот суд. На Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, доби четири години затвор. Одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари доби шест години затвор. На возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, изречен му е затвор од 14 години. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски добија затвор од по пет години. Сите добија и забрана за извршување професија.

„Советот е свесен дека ќе има незадоволни од пресудата. Како секој граѓанин и нас не погоди трагедијата. Нашата основна цел е да не се раководиме од чувствата туку од доказите. Судот се води од Законот за кривична постапка и останатите закони“, кажа судијката Дијана Груевска-Илиевска при изрекување на пресудата.

Судијката образложи дека судењата траеле пет години за да се утврдат точните причини за несреќата, а потоа и одговорност.

„Станува збор за една од најголемите сообраќајни несреќи. Во овој трагичен настан, животот го загубија 16 жртви, а 38 лица имаа тешки повреди, а некои и траен инвалидитет. Независно што кај јавноста имаше впечаток дека судскиот процес талка, денес сме тука со повеќе од 100 рочишта, баравме одговори за причините за трагедијата која никогаш да не се повтори. За мене како судија беше предизвик овој предмет, оти се очекува правдата не само да биде праведна, туку видлива“, кажа судијката Дијана Груевска-Илиевска при изрекување на пресудата.

Според Обвинителството, од 2 јули 2018 година до 13 февруари 2019 година, газдата на фирмата превозник и одговорно лице за возниот парк на превозникот, не се придржувале кон прописите за безбедност на автобускиот сообраќај за масовен јавен превоз.

„Иако биле свесни дека може да настапи штетна последица, предизвикале опасност за животот и телото на луѓето кои се превезувале во автобусот на критичниот ден на релација Скопје-Гостивар. Сопственикот на компанијата превозник единствено поседувал задолжителен сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај, како услов за добивање лиценца за вршење превоз на патници. Сепак, иако бил должен како одговорно лице, тој не организирал ниту пак трајно вршел контрола над исполнувањето на пропишаните услови за работа на возачите и на техничката исправност на возилата“, стои во обвинението.

Сопственикот на „Дурмо турс“ иако знаел дека не смее, раководењето со возниот парк го препуштил на Мифтари, кој не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај.

„Сопственикот на фирмата-превозник не водел сметка за исправноста на аналогниот тахограф и дозволил да се изврши манипулација на овој уред за да не ја регистрира правилно брзината на движење на автобусот. Обвинетиот раководител на возниот парк, пак, давал насоки на возачите каде да го однесат автобусот за да се изврши манипулација на тахографот со цел да избегнуваат казни за сообраќајни прекршоци. Свесни за континуираната техничка неисправност на автобусот, двајцата обвинети не презеле дејствија за поправка на битните делови од системот за сопирање на автобусот. На овој начин двајцата се обвинети дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл. 297 ст. 2 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството кога го поднесоа Обвинението.

Три други лица, вработени во станицата за технички преглед, се обвинети дека во соизвршителство сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот. Нивна била обврската за да утврдат дали автобусот е исправен. Возачот на автобусот е обвинет дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл. 297 ст. 1 од Кривичниот законик бидејќи возел со недозволена брзина од 99 километри на час.
Газдата доби 4 години, возачот 14, шефот 6, – затворски казни за несреќата кај „Ласкарци“

Можеби ќе ти се допадне

Детали: Полицајци од „Идризово“ ослободиле осуден за убиство – наместо во болница, тој се шетал низ Скопје

Доживотен затвор за Фадил, кој свирепо ја уби штипјанката Емилија: „Моето дете гние, нека гние и тој во затвор“

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Ќе се бара затворски притвор за Јахоски, обвинителката поднесе жалба оти судијата го пушти во куќен притвор

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВО ЖИВО) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?
(ВО ЖИВО) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг
(ВО ЖИВО) Супорт Кочани: Ни се закануваат бидејќи ја говориме вистината
(ВО ЖИВО) Хероите од Кочани: Се се сведува на пропаганда и политизирање
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад