Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Сашо Мијалков „спасен“ од осум години затвор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Нов обид да се запали приватниот отпад во Визбегово: со брза реакција полицијата уапси три лица
МВР
Тошковски: Историски најдобри резултати во безбедноста во сообраќајот и намалување на криминалот во Струмица
МВР
Пет лица приведени поради дрога во Скопје, Прилеп и Велес, меѓу нив и малолетник
МВР
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, пет лица приведени
МВР
Затвореник силувал друг затвореник во затворот во Штип
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Сашо Мијалков „спасен“ од осум години затвор

Претрес.мк
Последни промени 26/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Сашо Мијалков по година ипол од изречената осум годишна казна затвор, доби ослободување за случајот „Трезор“. Скопска Апелација, го врати предметот на повторно судење. Сметаат дека има суштествени повреди. Одлуката нема да биде јавно достапна, велат од судот, додавајќи дека тоа е пракса.

„Укината е пресудата и вратено на повторно судење. Тоа е поради суштествени повреди на постапката поради што се доведува во прашање фактичката состојба и примената на законот. Причините се во одлуката. Одлуките со кои се укинуваат пресуди не се анонимизираат. Нема да биде достапна одлуката за јавноста“, велат од Апелација.

Со укинувањето на оваа пресуда, сега ослободени се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски кој доби 15 години затвор, а е во бегство. Ослободен е и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, кому му беше изречена казна затвор од пет години. На поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, судот му изрече затвор во траење од пет години, но и тој е сега слободен граѓанин.

Ослободителната пресуда доаѓа иако Кривичниот суд утврди дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се гонат. Умислено ги сториле делата. Четворицата беа прогласени за виновни, бидејќи судот цени дека тројцата го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски е осуден за помагање. Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра, кои требаше да ги вратат во државниот буџет. Укинатата пресуда ја донесе судечкиот совет на Кривичен, чиј претседател беше Џенета Бектовиќ.

Предметот се однесуваше за набавка на опрема за УБК/МВР и услуги, преку која е оштетен буџетот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Нов обид да се запали приватниот отпад во Визбегово: со брза реакција полицијата уапси три лица
Тошковски: Историски најдобри резултати во безбедноста во сообраќајот и намалување на криминалот во Струмица
Пет лица приведени поради дрога во Скопје, Прилеп и Велес, меѓу нив и малолетник
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, пет лица приведени
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад