Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обвинение за скопјанец кој тепал и малтретирал момче поради неговата сексуална ориентација
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Приведен битолчанец, физички ја нападнал 26-годишната сопруга
МВР
Зел автомобил на заем, кажал дека се расипал, па го продал на друг
МВР
Вработен во Итна медицинска помош со остар предмет им се заканувал на медицинскиот персонал
МВР
52-годишник полово вознемирувал малолетничка
МВР
Преку социјални мрежи ѝ се заканувал на поранешната сопруга по нејзиниот и животот на семејството, а потоа ја следел и снимал на семејна прослава
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Обвинение за скопјанец кој тепал и малтретирал момче поради неговата сексуална ориентација

Претрес.мк
Последни промени 30/11/2022
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата.

На наведениот датум, по завршување на „Парада на гордоста“ во Скопје, оштетениот со уште неколку други лица се враќале од ручек на Матка. Кога тргнале да си одат биле забележани од обвинетиот и другите непознати лица, кои ги препознале и започнале да ги навредуваат и да им се закануваат.

Исплашени за нивната безбедност, оштетениот и неговите пријателки се качиле во такси возила и се обиделе да побегнат, но обвинетиот и неговата група со автомобили ги следеле. Такси возилото во кое бил оштетениот било попречено од друг автомобил и било принудено да застане, по што обвинетиот насилно ја отворил предната совозачка врата и физички го нападнал оштетениот, го удрил со бокс и започнал да го тегне за да го извлече од возилото.

На тој начин обвинетиот му нанел телесни повреди на оштетениот – контузија и раздерно-нагмечна рана, а кај останатите сведоци на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.​​

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Приведен битолчанец, физички ја нападнал 26-годишната сопруга
Зел автомобил на заем, кажал дека се расипал, па го продал на друг
Вработен во Итна медицинска помош со остар предмет им се заканувал на медицинскиот персонал
52-годишник полово вознемирувал малолетничка
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад