Четиринаесетгодишно момче било физички нападнато од пет малолетници на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово.Случајот во полиција го пријавила неговата 48-годишна мајка на 17 ноември, околу 20 часот. Според пријавата, нападот се случил околу 16:30 часот, а момчето познавало тројца од петтемина напаѓачи.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
