31-годишен жител на Тетово се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил на улицата „29 Ноември“ во Тетово.Според информациите од МВР, несреќата се случила на 11 ноември околу 17:50 часот. Во пешакот П.З. удрило патничко возило „фиат пунто“, управувано од 69-годишниот З.У., двајцата од Тетово.Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово.
Сподели го овој напис
