23-годишен Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од три лица во скопската населба Ѓорче Петров, при што еден од напаѓачите пукал со пиштол во воздух и во негова насока.Според пријавата во МВР, инцидентот се случил на 9 ноември околу 21 часот. С. Д. (23) бил нападнат од Н. Т., Г. Ш. и Љ. Ш., а Н. Т. најпрво го удрил со пиштол, за кој постои сомнение дека бил гасен, по што испукал неколку истрели во воздух и кон него.Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 10 ноември околу 5:30 часот. Од МВР
Сподели го овој напис
