Дваесетгодишна девојка пријавила дека била несоодветно допирана од едно лице додека се возела во автобус во скопската општина Аеродром.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 10 ноември, во 17:05 часот, во СВР Скопје. Девојката навела дека лицето ја допирало по телото.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
