Кривични пријави за тешка кражба и полово вознемирување се поднесени против двајца полициски службеници вработени во Прифатниот центар за странци при Регионалниот центар за гранични работи „Север“.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел пријави до Специјализираното одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, надлежно за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.
Сподели го овој напис
