Осумнаесетгодишна девојка од скопско пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзина другарка додека се возеле во такси возило во Скопје.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен денеска (1 ноември), во 5:40 часот, во СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил околу 4:44 часот, кога К.Д. (18) била физички нападната од нејзината другарка А.Н. додека се наоѓале во такси возило.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
