74-годишен скопјанец пријавил дека од неговото товарно возило бил украден пиштол „глок“ на подрачјето на општина Чаир, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, кражбата се случила на 25 октомври околу 03:30 часот. Пиштолот бил одземен од товарното возило, кое, според пријавеното, не било заклучено.Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 30 октомври во 20:30 часот.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
